Србите среќни што Македонци го враќаат легендарното БИП пиво
М6-Еден компанијата во Србија која е дел од македонската М6 групација за пијалоци успева да привлече огромно внимание од страна на српската јавност поради рестартирањето на Белградската индустрија за пиво и враќање на дел од омилените пивски пијалоци. За новите успеси говори генералниот директор Александар Поповски кој исто така е дел од М6.

- Пивото ја задржа препознатливата етикета и карактер, а се произведува според најсовремена технологија. Посебно внимание посветивме на контрола на квалитетот на секој сегмент од производството, истакна Александар Поповски, директорот на македонската компанија М6-Еден кој во Србија изврши оживување на БИП.
Попоски ги потврди амбициите на М6-Еден, а тоа е доминација на српскиот пазар, а потоа секако и поголема продажба и зголемување на понудата на нивните произоди, особено што БИП е доста моќен симбол од минатото.

- Свесни сме дека
БИП пивото не е обичен бренд и дека претставува симбол на едно општество и
време на кои многумина со радост се сеќаваат и наша желба е тоа чуство и емоции
повторно да ги оживееме и вратиме. БИП пиво сакаме да го вратиме на првата
позиција како што заслужува, рече Поповси за српските медиуми.
Да потсетиме дека Свето Јаневски и М6 групацијата одлучија преку долгорочен закуп целосно да ги преземат сите брендови на Белградската индустрија за пиво па за кратко време полека се реализираат почетните планови. М6-Еден планира БИП пивото да го лансира и во регионот.
Х.С.
