Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србите со возила му го блокираа патот на Иса Мустафа

Србите со возила му го блокираа патот на Иса Мустафа

Србите денеска го блокираа главниот пат Приштина-Рашка, кај село Рударе, откако слушнале дека тука ќе помине колона возила со косовскиот премиер Иса Мустафа и дел  од министрите во косовската Влада, објавиТанјуг.

Патот беше затворен со возила, а на местото се собраа и неколку десетици Срби.

Во Рударе се испратени припадници на косовската полиција, а има и паркирани возила на Брзата помош.

Мустафа и министрите требало да се појават на свеченоста на отварање на мостот на реката Бистрица, во општина Звечан, во северно Косово.

Мостот е  изграден со помош од силите на НАТО и КФОР.



Слично

Поврзани вести