Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србите се жалат на провокации, автомобил со знаме на ОВК влегол во Косовска Митровица

Србите се жалат на провокации, автомобил со знаме на ОВК влегол во Косовска Митровица

Инцидент се случи во Косовска Митровица со знаме на ОВК, а Србите го оценија како „опасна провокација“. Автомобил со знаме на ОВК преку населбата Бошњачка махала влегол северниот дел на Косовска Митровица.

Засега непознати лица кои биле во возилото со камења оштетиле автомобил паркиран во близина на Економскиот факултет, неофицијално дознава Косово онлајн.

Косовската полиција тврди дека „нема информации дека е скршено стаклото на автомобилот или дека возилото со знамето на ОВК влегло на северот на Митровица“.
Од српската Канцеларија за Косово соопштија дека четири возила со знамиња на ОВК биле забележани во селото Жупче, општина Зубин Поток.

Слично

Поврзани вести