Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србите „се крстат“ во Кинезите: Со нивни кредити сакаат да доградат брза железничка пруга

Србите „се крстат“ во Кинезите: Со нивни кредити сакаат да доградат брза железничка пруга

Српската министерка за инфраструктура Зорана Михајловиќ очекува кинески кредити за изградба на последниот дел од брзата железничка пруга Белград - Будимпешта, од самитот на Кина и земјите од средна и источна Европа, кој неделава се одржува во Софија. 

Изградбата на делницата Нови Сад - Суботица ќе чини околу една милијарда евра, а Србија очекува Кинезите да помогнат и за реновирање на делницата Ниш - Прешево, имајќи предвид дека коридорот 10 е важен дел од нивниот проект Еден појас еден пат.

Слично

Поврзани вести