Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србите рускиот гас ќе го плаќаат 399 долари

Србите рускиот гас ќе го плаќаат 399 долари
Десетгодишниот договор кој Србија го потпиша со Русија за купување на гас ја обврзува земјата рускиот гас да го купува по цена од 399 долари за 1000 кубика. -Цената на гасот во текот на оваа година се очекува да падне на околу 37о долари за 1000 кубика, поради поевтинувањето на нафтата на светскиот пазар,  изјавил помошник министерот за енергетика Петар Станоевиќ. -Долгорочниот договор за испорака на гас во Србија од Русија ќе и овозможи на нашата земја да купува пет милијарди кубика гас годишно, што е за 2,5 пати повеќе од сега, истакнал Станоевиќ. Тој потенцира дека овој договор ќе и овозможи на Србија покачување на енергетската безбедност,   развој и изградба на повеќе гасни електрани за комбинирано производство на електрична и топлинска енергија.
Слично

Поврзани вести