Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србите преговараат за испорака на ново оружје од Русија

Србите преговараат за испорака на ново оружје од Русија

Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин откри дека започнал преговори со рускиот колега Сергеј Шојгу за нови испораки на оружје од Москва за Белград, пренесува новинската агенција „Танјуг“.

Според зборовите на Вулин, станува збор за набавка на четири транспортни хеликоптери “Ми-17” и четири борбени хеликоптери “Ми-35”.

Вулин пристигна во вторникот во официјална дводневна посета на Руската Федерација, каде ќе учествува на седмото издание на Московската конференција за меѓународна безбедност.
извор: Makfax

Слично

Поврзани вести