Србите подготвени за “црни денови“
Кога во Србија би се поделиле заштедените пари кои ги имаат одредена група на срби, секој жител во оваа земја би добил по 416 евра.
Според проценките на економските експерти во куќните сефови Србите чуваат најмалку три милијарди евра, додека во банките сокриле 8,2 милијарди евра.
Сите тие, парите ги штедат исклучиво за “црни денови“, а за инвестирање не ни размислуваат.
Граѓаните во своите куќи чуваат помеѓу три и четири милијарди евра, но точниот износ е невозможно да се пресмета, смета Верољуб Дугалиќ, генерален секретар на Здружението на банаки во Србија. Тој додава дека проценките се прават на основа на девизните правила, општиот стандард, просечната заработка, потрошувачката..
За ваквиот проток на пари од институциите, според неговите зборови заслужна е историјата:
- Зад нас е тежок период. Одземена ни е старата девизна заштеда, имавме само фантомски институции и банки, а на крај не докрајчи и хиперинфлацијата. Затоа не би требало да не изненадува што и понатаму постои голем страв и недоверба во банките и во инвестициите, поради што граѓаните одбираат своите пари да ги чуваат дома.
Сепак експерти од Економскиот иснститут сметаат дека опоравувањето е исто така поврзано и со навиките за штедење и се додека Србите не одлучат да ги извадат парите од под перница и ги пласираат на пазарот,шансата за подобрување на српскиот стандард нема да биде голема.
Слично
