Економија, финансии, бизнис

Контакт

СРБИTE ОДАТ НА ПЕЧАЛБА ВО СЛОВЕНИЈА: Колку дозволи за работа и престој се издадени лани?

СРБИTE ОДАТ НА ПЕЧАЛБА ВО СЛОВЕНИЈА: Колку дозволи за работа и престој се издадени лани?

Србите одат на печалба во Словенија. Оваа земја во 2023 година издаде 5.000 дозволи за престој и работа за лица од Србија.

„Словенија минатата година издала 5.000 согласности и дозволи за престој и работа на лица од Србија во таа земја“, изјави денеска генералниот директор на Агенцијата за вработување на Словенија, Грета Метка Барбо Шкербинц.

Таа објасни дека миграцијата на работна сила е реалност и дека многу е важно луѓето кои одат во друга земја да работат да добијат целосни информации и да се почитуваат нивните права. Вели дека вработувањето се организира преку јавни служби, а не преку посредници. Србите одат на печалба во Словачка, Австрија, Германија и други земји. 

Слично

Поврзани вести