Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србите нема да можат да работат на море во Црна Гора?

Србите нема да можат да работат на море во Црна Гора?
Во новата туристичка сезона стапува на сила закон со кој на странците ќе им се ограничи вработувањето во Црна Гора, пишува „Блиц“. Законот за странци почна во целина да се применува од 1 ноември лани. Ова значи дека Србите ќе работат само ако за одредена професија нема работна сила или оние кои се на евиденција не сакаат да работат. Со тоа странските државјани летово нема да можат да работат на црногорското приморје. Од Центарот за граѓанско образование во Црна Гора објаснуваат дека законот во голема мера ги ограничува странците да работат во Црна Гора, посебно сезонски. За оние занимања за кои има кадар се забранува „увоз“ на работна сила. Само ако за одреден профил нема работна сила или невработените во Црна Гора одбиваат да работат, во тој случај Заводот за вработување нема да наметнува ограничувања. Ограничување нема и за раководен кадар во претпријатијата.    
Слично

Поврзани вести