СРБИТЕ НЕ САКААТ ВО НАТО: Каков став имаат за ЕУ и Западот?
Мнозинството Срби не сакаат влез на земјата во НАТО.
„Пристапувањето на Србија во НАТО би било против волјата на 75% од населението“- изјави премиерот Александар Вучиќ, во говорот пред факултетот за национална безбедност.
Тој вели дека треба да се зачува воената неутралност, да влезат во ЕУ и да имаат најдобри односи со Русија и Кина.
„Слушнавме признанијата на Путин и Рогозин (вицепремиер) дека Русија и Србија немале подобро односи од сега, од САД и ЕУ велат дека никогаш досега не сме имале повисоко ниво на соработка, а да не зборуваме за односите со Кина“ - вели Вучиќ.
Смета дека пристапувањето кон НАТО би предизвикало длабок раскол и раздор во нацијата, кои би продолжиле со децении и би имале долгорочни последици.
Од друга страна, 70% од населението, кои се прогласуваат за соработка со Русија против Западот, треба да сфаќаат со кого Србија ќе работи во економската област при такво едно решение. Владата на Србија одлучи да биде формиран Национален совет за соработка со Русија и Кина, кој ќе биде предводен од претседателот во заминување Томислав Николиќ.
