Србите не сакаат работа на процент?
Србите не сакаат да работат како анкетари, комерцијалисти за продажба на терен, чистачи, да се занимаваат со тешка физичка работа или работа на процент.
Ова го соопштуваат од Националната служба за вработување, врз основа на искуства со луѓето кои се регистрирани кај нив. Проблем за невработените лица е што немаат фиксна плата, туку добиваат процент откако ќе продадат одреден производ и ќе се реализира наплатата. За Србите не се атрактивни и тешките физички работи како градежништво, рударство или земјоделство. Од друга страна српските државјани прифаќаат да работат вакви професии во Германија, САД, Франција или друга земја, затоа што платите се високи и се плаќа дополнителната работа.
Слично
