Економија, финансии, бизнис

Контакт

СРБИТЕ НЕ ГИ ДАВААТ ПРЕШЕВО, МЕДВЕЃА, И БУЈАНОВАЦ: Му порачаа на Тачи дека напразно сонува

СРБИТЕ НЕ ГИ ДАВААТ ПРЕШЕВО, МЕДВЕЃА, И БУЈАНОВАЦ: Му порачаа на Тачи дека напразно сонува

Српските власти реагираат по изјавите на косовските политичари, за припојување на три српски општини кон Косово. 

За нив тоа се нереални идеи. Велат дека косовскиот претседател Хашим Тачи може само да сонува за такво припојување на територии. 

„Административната покраина Косово и Метохија и општините Бујановац, Прешево и Медвеѓа се и ќе бидат дел од истата држава – Република Србија, а соништата на Хашим Тачи за припојување на територии нема да се остварат“, изјави директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија на српската влада, Марко Ѓуриќ.

Тачи ги демантираше обвинувањата на косовскиот премиер во оставка Аљбин Курти, но и на меѓународните аналитичари, за тоа дека постои договор, односно нацрт договор со Белград за размена на територии.

Сепак, убеден е дека САД ќе поттикнат постигнување „конечен договор“ со Белград, а истовремено сонува Прешево, Бујановац и Медвеѓа „да се припојат кон Косово“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, на прес-конференција во Палатата на Србија, изјави дека „никогаш во неговиот живот“ никој не му кажал дека постои идеја за размена на 17 српски села во Косово за Прешево, Бујановац и Медвеѓа. 

Слично

Поврзани вести