Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србите навалија- за малку пари ќе летуваат во Грција

Србите навалија- за малку пари ќе летуваат во Грција
По примерот на Германците и Англичаните, кои штом се вратат од одмор,бираат нови аранжмани за следната година и почнуваат со отплата,српските туристи летувањето го планираат неколку месеци однапред. Туристичките агенции во Србија аранжманите за Грција почнале да ги продаваат во ноември, а капацитетите за јуни и септември на Халкидики се веќе распродадени. Повеќе од половина српски туристи кои патуваат преку агенција летуваат во Грција и тоа најмногу во нејзиниот северен дел. Тие аранжмани и најпрво се појавуваат како понуда и се распродаваат неколку месеци однапред. -Можеме да кажеме дека јунските термини како во апартмански така и во хотелски сместувања посебно во Грција се 98 % пополнети, изјавил Владимир Влахо вработен во туристичка агенција. Десет дневен аранжман на Халкидики со сместување во апартман и автобуски превоз чини околу стотина евра од човек. Истата понуда во јули , србите ја нудат три пати поскапо. Големиот попуст за раната уплата на аранжманот, секако е причината што туристите се одлучуваат во зимските месеци да упаќаат за летување. - Многу се исплаќа да уплатите во зимски период за летување, бидејки имате можност за подолга отплата, ако уплатите аранжамн во ноември или декмври, а летувате во јули, тогаш имате дури девет месеци за отплата на летниот одмор, објаснува Саша Вучковиќ варботен во српска туристичка агенција. Покрај Грција и Турција кои граѓаните на Србија најчесто ги одбираат за летување, оваа година на листата е и Шпанија за која се очекува исто така голем интерес. Бугарските летувалишта пред десет години  биле многу атрактивна дестинација за летување на Србите, посебно поради поволните вонпансионски цени. Од 2009-та година кога се укинати визите за влез во земјата на Европската унија, интересот нагло опаднал.  
Слично

Поврзани вести