Србите навалија да купуваат евра
Во Србија e зголемена побарувачката на евра.
Од Народната банка на Србија (НБС) велат дека стабилноста на девизниот курс не била и нема да биде доведена во прашање, јави дописникот на МИА од Белград.
Како што пишувa Данас, „откако стигна веста од Врање дека еврото од вчера вреди 120 динари, вредноста на оваа валута порасна и во Белград – во менувачниците во главниот град утрово се движи од 118,3 до 120 динари“, за разлика од официјалниот курс кој изнесува 117,62 динари.
Деновиве во менувачниците ширум Србија има зголемена побарувачка на евра, при што продажниот и куповниот курс на еврото е до три динари повисок од официјалниот среден курс.
foto freepik.com
Слично
