Србите на Косово од недела почнуваат со протести
Српска листа ќе почне со протести од недела, а утре ќе донесат одлука дали да ги напуштат косовските институции.
Тие имаа разговори со српскиот претседател Александар Вучиќ кои траеја цела ноќ поради актуелната состојба на северот на Косово и разрешувањето на директорот на косовската полиција за северниот регион Ненад Ѓуриќ, објави Н1.
Ѓуриќ изјави дека повеќе нема да биде дел од лагите, туку од вистината и затоа повеќе не сака да биде припадник на косовската полиција.
Косовската полиција информираше дека Ѓуриќ е суспендиран, поради тоа што не извршил законско овластување и не ја спровел официјалната одлука за регистарските таблички.Над воени објекти во Рашка, Србија деновиве собори дрон за кој Косово тврди дека не знае чиј е.
Слично
