Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србите молат за помош и бараат санкции за Приштина

Србите молат за помош и бараат санкции за Приштина

Косовските Срби бараат Брисел да ѝ воведе санкции на Приштина.

Тие вчера побараа од Брисел без одложување да воведе политички и економски санкции против властите во Приштина, до завршувањето на кршењето на ЦЕФТА договорот.

Од Косовска Митровица упатија неколку барања до меѓународниот фактор. Носеа транспаренти со кои порачуваат дека немаат храна и лекови, но и дека косовските Албанци ги тероризираат.

Бараат и поцврсти гаранции од меѓународната заедница дека специјалните полициски единици и косовските безбедносни сили нема да одат на северот на Косово, затоа што, како што истакнаа, тоа е единствениот начин да се избегне ескалација на конфликтот.

На протестот е порачано и дека политичките претставници на Србите нема да се вратат во косовските институции сѐ до укинувањето на царините на производите од Србија.

Веќе 28 дена има мирните протести во Косовска Митровица против царините од 100 отсто на стоката од Србија кои ги воведе Приштина.

Србите на Косово го поздравија ставот на срспскиот претседател, Аелксандар Вучиќ дека ќе ги заштити, особено зтаоа што сметаат дека нивната сигурност е загрозена откако се офрмираше косовска војска. 

Слично

Поврзани вести