Србите маршираа за легализација на канабисот
Стотици граѓани денеска излегоа на таканаречениот „канабис марш“ во Белград. Тие бараат да се легализира канабисот за медицински цели, бидејќи многу истражувања покажале дека има лековити својства.
,,Сакаме слободно да го одгледуваме, поседуваме и користиме канабисот, бидејќи многу истражувања покажуваат дека не му штети на човекот, туку му помага. Во нашата организација членуваат многу луѓе кои боледуваа од канцерогени болести, а ова растение нема никакви нус-појави, како некои фармацевтски лекови" - изјави еден од активистите.
Тие порачаа дека алкохолот е поштетен и создава поголема зависност од марихуаната или канабисот.
Слично
