Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србите тргнаа по наши стапки – воведуваат субвенции за брак

Србите тргнаа по наши стапки – воведуваат субвенции за брак
За српските медиуми е изненадување веста дека субвенции ќе се доделуваат за склучување брак. Општината Трговиште донела вкава одлука, па на сите немажени и неженети им овозможува да конкурираат за субвенции и награда од 200.000 динари, што е многу подобро во споредба со општините од истокот на Македонија кои решија новите брачни двојки да ги задоволат со 30.000 денари, вино и ракија. Во Трговиште живеат 5.200 жители, а околу 1000 се неженети. Причината за тоа е високата стапка на невработеност. Советниците во Трговиште донеле одлука да одвојат 5 милиони динари од општинскиот буџет токму за субвенционирање на брак. На овој начин очекуваат да го спречат исселувањето и да го зголемат наталитетот. Трговиште е најнеразвиена општина, која се наоѓа на југот на Србија на граничната линија со Македонија. Според последниот попис, во неа живеат и 28 Македонци. Можеби и некој од нив ќе се најде на листата среќни добитници на субвенции за брак.
Слично

Поврзани вести