Србите ја продадоа капитенската лента што ја фрли Роналдо, ќе лекуваат дете со 7,5 милиони динари
Капитенската лента, која Кристијано Роналдо ја фрли на тревникот на стадионот „Рајко Митиќ“ од револт што не беше признат зголот на победата на Португалија против Србија, е продадена на Моцарт Бет за 7,5 милиони динари на хуманитарна аукција.
„Штотуку заврши хуманитарната аукција за капитенската лента на Кристијано Роналдо, со одлична бројка од 7,5 милиони динари на аукција од Моцарт Бета. Благодарност до пожарникарот Ѓорѓе и неговите колеги, како и на сите прекрасни луѓе кои помогнаа“, напиша на Твитер Јован Симиќ, основачот на фондацијата „Заедно за живот“, пренесе Танјуг.
Целиот приход од аукцијата е наменет за лекување на шестмесечниот Гаврил Ѓурчевиќ од Крагуевац, кој боледува од мускулна атрофија на 'рбетниот столб, а за неговото лекување се потребни два и пол милиони евра.
Капитенската лента на Роналдо ја зеде пожарникарот Ѓорѓе Вукичевиќ од теренот и тој реши да ја донира, со цел да започне хуманитарна аукција.
Србија одигра 2-2 со Португалија, а на Роналдо не во последните моменти од мечот, кога противникот остана со играч помалку, не му беше признат погодок за победа, иако топката ја мина гол-линијата, по што тој бесен го напушти теренот и ја фрли капитенската лента.
