Србите бараат Европа да го вклучи алармот за она што е најавено за Нова година
Србите бараат Европската Унија да реагира на најавите дека Косово и Албанија ќе ги укинат граничните премини по Нова година.
Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија на српската Влада Марко Ѓуриќ, во име на српските институции ги повика претставниците на Европската Унија да реагираат на, како што вели, заканите кои ги упати косовскиот премиер, Рамуш Харадинај.
Ѓуриќ рече дека ова е 28-ми пат тие да бараат, како што кажа, „присоединување на јужната српска покраина“ и дека станува збор за директна закана од Харадинај.
Тоа е, како што истакна, патолошката потреба на дел од Европа и на дел од приштинските власти Србија да не добие ништо, туку крајниот резултат да биде онаков каков што „тие го смислиле“.
Тој ги праша шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини и нејзината портпаролка Маја Коцијанчич дали Европа би молчела доколку Белград порача дека ја укинува границата меѓу Србија и Бања Лука, пренесува Н1.
Харадинај најави дека од Нова година повеќе нема да има физички препреки на границата меѓу Косово и Албанија, објави приштинскиот весник Зери. Се наведува дека најавата на Харадинај е заснована врз разговори и планови со премиерот на Албанија Еди Рама.Тој во едно претходно интервју изјави дека, кога патувал за Тирана, половина час чекал да влезе во Албанија и половина час да влезе во Косово, пренесе Зери.
