Србин се разнесе со бомба откако ја претепал девојката и нејзината мајка
Жител на Србија на возраст од 47 години ги претепал својата девојка и нејзината мајка, по што се разнел со бомба.
Инцидентот се случил утрово по 7 часот во градот Вршац. Нова.рс, објави дека мажот прво со стап ја претепал девојката Ѓ.П. и нејзината мајка Д.П. Тој потоа земал рачна бомба и се разнел пред нив. Неофицијалните информации на порталот Nova.rs велат дека Ѓ.П. и нејзината мајка Д.П. не се тешко повредени. Како што неофицијално пишуваат српските медиуми, неверство било причината поради која мажот ги тепал жените и се самоубил.
Слично
