Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србин ја спакувал мртвата мајка во куфер и ја чувал седум години за да ја зема пензијата

Србин ја спакувал мртвата мајка во куфер и ја чувал седум години за да ја зема пензијата

Саша П. (47) го сокрил телото на мајка му Злата (75 години) која починала во 2014 година во бањата, само поради нејзината пензија, која тој продолжил да ја прима. Српскиот државјанин потоа во станот во Париз ја чувал мртвата мајка седум години. Откако жената починала од рак во 2014 година, Србинот ја „спакувал“ во куфер како фетус, пренесува Паризиен.

Според француските медиуми, во вторникот, Србинот сам се пријавил во полиција.

„Српскиот државјанин во вторникот наутро и се предаде на полицијата и детално го раскажа својот бизарен случај. Тој на истражителите им рекол дека неговата мајка починала од рак во 2014 година и дека не се лекува од оваа злобна болест. Тој посочи дека несреќната жена починала сама во станот - пренесуваат тамошните медиуми. 

По неговото признание, полицијата влегла во станот во дваесетиот кварт на Париз и се шокирала од глетката што ја нашле. Телото на Злата е пронајдено во бањата, а нејзиниот син навистина се обидел да ја камуфлира несреќната жена. Тој го поставил нејзиното тело во положба на фетус и го ставил во куфер, кој го покрил со катран. Тој наводно им објаснил на истражителите дека се одлучил за овој морбиден чин за финансиска корист.


Соседите шокирани

Соседите на ова српско семејство во Париз за Паризиен рекле дека го прашале Саша каде е неговата мајка.

- Злата веќе долго време не сме ја виделе, па го прашавме за нејзиното исчезнување, а тој ни рече дека „се вратила во Србија, за да ги живее последните години од својот живот во нејзината татковина“ - пренесуваат тие. 

Србинот беше уапсен во вторникот, но беше ослободен по обдукцијата, која утврди дека неговата мајка починала од природна смрт.


Слично

Поврзани вести