Економија, финансии, бизнис

Контакт

СРБИН ЈА ИСТЕПАЛ СВОЈАТА МАЈКА: Потоа се заканил дека ќе направи поголем масакр од тој во Рибникар

СРБИН ЈА ИСТЕПАЛ СВОЈАТА МАЈКА: Потоа се заканил дека ќе направи поголем масакр од тој во Рибникар

Српската полиција утрово уапси 35-годишен насилник кој се заканувал со масакр.

Како што пренесува „Блиц“, Б.П. прво ја претепал мајка си, по што побегнал од дома и ѝ пратил порака дека ќе „направи поголем масакр отколку во Рибникар“, за што жената веднаш ја известила полицијата.

Жената и претходно го пријавувала синот. Еднаш завршила со скршена рака, но потоа ја повлекла тужбата.  Во неговата куќа во Земун не е пронајдено оружје.

Мажот е предаден на Третото основно обвинителство во Белград.

Лани на 3 мај се случи масакр во основното училиште Владислав Рибникар во Белград, каде момче уби 8 соученици и еден вработен во училиштето.

Слично

Поврзани вести