Србин докажа дека е украдено бебе и си го најде семејството
Србин докажа дека е украдено бебе дадено на посвојување и по 40 години си го пронајде семејството.
Млаѓан Радивојевиќ од Алексинац е првото украдено бебе кое успеа да докаже дека во Србија и СФРЈ на големо се тргувало со бебиња.
На фотографијата Млаѓан е со својата биолошка сестра и ДНК анализа, која потврдува дека е украден во родилиште и продаден на друго семејство, пренесува Мондо.рс.
Пред четири години со Здружението за вистина и правда за бебиња поднел кривичина пријава дека бил киднапиран од мајка му уште во родилиштето во Општата болница во Крушевац. Оттаму е однесен во Алексинац и прераден на семејството Радивојевиќ, кое немало деца.
Млаѓан првпат се посомневал дека е посвоен кога се женел, бидејќи неговиот извод од матичната книга на родените не одговарал на податоците на неговите родители. Неговата голгота траела неколку години, бил често на медиумите во Србија, па така неговиот случај стигнал и до неговата мајка, која ја иницирала ДНК анализата.
Сега тој ги пронашол своите биолошки родители со ДНК анализата. Тие живеат на околу 30 километри од Крушевац.
Неговата сестра Марина изјави дека е пресреќна, но дека за целата приказна дознала пред два дена, бидејќи мајка ѝ никогаш ништо не спомнала.
Радиша Павловиќ, член на Комисијата што стои зад истрагата за кражба на исчезнати бебиња, најави дека Здружението ќе иницира формирање специјално обвинителство за украдени бебиња.
