СРБИЈА ЖАЛИ ЗА ПОЧИНАТИТЕ ЛЕКАРИ ОД КОВИД - 50 имиња кои државата не смее да ги заборави
Според последните податоци на Сојузот на лекари и фармацевти во Србија, 50 лекари починале како резултат на короната. Профилите на лекарите на социјалните мрежи сè повеќе потсетуваат на некролози, секојдневни збогувања кои предупредуваат.
Синдикатот на лекари и фармацевти и нивниот член на Главниот одбор, д-р Горица Ѓокиќ, редовно потсетуваат на колегите кои починаа од коронавирусот. Ваквите објави се нижат речиси секој ден, објавува порталот Нова.рс.
„Големата трагедија е смртта на д-р Данијела Гордиќ (1973), пулмолог од Краљево, таа била мајка на три деца. Почина и професорот Милорад Борзановиќ (1960), специјалист по кардиологија од Институтот за кардиоваскуларни болести во Дедиње, жива легенда“, изјавила потресено д-р. Докиќ.
Таа вели дека поради ваквите објави на Синдикатот на лекари и фармацевти, многумина го сметаат за патетичен. Но, таа ги отфрлила овие обвинувања и објаснила дека нивна голема потреба во моментов е да жалат за своите колеги и да им изразат благодарност.
„Тоа е нашата порака дека нема да ги заборавиме. Барем здравствените работници да се почитуваат кога се мртви, ако веќе не нè почитуваат кога сме живи“, изјавила д-р. Ѓокиќ.
Порталот Нова.рс ги објавува и сите имиња на лекарите кои ја изгубија битката со короната.
„Ние ја засноваме нашата листа врз основа на сведоштва и податоци добиени од семејства на починати колеги и јавни соопштенија“, рекла оваа лекарка, додавајќи дека повеќето починати биле во Белград, а потоа Ниш и Нови Сад. За жал, се претпоставува дека бројот на починати лекари е поголем од бројката што ја објави Сојузот на лекари и фармацевти, а да се добијат официјални податоци е невозможна мисија.
извор и фото Нова.рс (приватна архива)
