Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србија загрижена од американските балистички ракети во Хрватска

Србија загрижена од американските балистички ракети во Хрватска

Како неопходност Србија ќе одговори на заканите за својата безбедност од страна на соседите, изјавил премиерот Александар Вучиќ во интервју за РИА „Новости“.

„Ние ги чувствуваме проблемите и разговаравме за тоа со нашите партнери во Москва, кога некои земји од нашиот регион побараа да распоредат балистички проектили“, истакнал премиерот.

Тој не прецизираше за кои земји станува збор. Но е познато дека Хрватска планираше да добие од САД летала за балистички ракети со дострел до 300 километри. За ова пишуваа и хрватските медиуми во октомври оваа година.

Србија има со што да одговори, со своите оклопни возила „Патриа“ и „Лазар“. „Затоа ние не се вознемируваме“, појаснил премиерот.

„Но, јас не знам зошто на некого во нашиот регион му се потребни балистички проектили? И јас сметам дека во иднина тие или ќе се откажат од тоа, или ние ќе треба да најдеме одговор на овие акции“, изјавил Вучиќ.

Слично

Поврзани вести