Србија забрзано го гради својот европски пат!
Србија од денес чекор поблиску до Европа, иако се чини вистинските потези на српскиот пат кон ЕУ допрва доаѓаат.
Европскиот комесар за проширување Штефан Филе и го честиташе на Србија денешното стапување во сила на Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) и нагласи дека Србија од 1 септември ќе биде „чекор поблизу до ЕУ“.
Тој оцени дека ССА ќе и овозможи на Србија да ги достигне европските стандарди во различни области, што претставува камен-темелник на нејзиниот пат кон ЕУ.
Филе наведе дека во 11 месеци од примената на Преодната трговска спогодба, извозот на Србија во земјите на ЕУ е зголемен за 4,8 отсто, додека суфицитот во трговијата со земјоделски производи со ЕУ од 2009 година пораснал за два ипол пати, и сега изнесува 500 милиони евра.
ССА меѓу Србија и ЕУ стапува во сила на 1 септември, откако на 24 јули Унијата ја извести Србија дека е завршена постапката на ратификација на Спогодбата во земјите членки.
Македонија оваа спогодба ја потпиша далечната 2001 година, но оттогаш наваму македонските чекори кон Европа беа бавни, па земјава се уште е само земја кандидат, статус кој го има од 2005 та.
Слично
