Економија, финансии, бизнис

Контакт

СРБИЈА ЗАБРАНИ ИЗВОЗ НА МЛЕКО, ИАКО НИЕ СМЕ ПОШТЕДЕНИ - но домашните млекари стравуваат од млечна криза

СРБИЈА ЗАБРАНИ ИЗВОЗ НА МЛЕКО, ИАКО НИЕ СМЕ ПОШТЕДЕНИ - но домашните млекари стравуваат од млечна криза

Владата на Србија, со цел да се овозможи редовно снабдување со млеко на населението и да се спречи одливот на суровини надвор од границите на земјата, донесе одлука за забрана за извоз на млеко, освен за Северна Македонија и Албанија.

Со измената цената на UHT-млекото со 2,8 отсто млечна маст во пакување од еден литар се ограничува на 128,99 динари.

Исто така, покрај ограничувањето на цената на млекото UHT, ограничени се и трговските маржи со цел да се спречат шпекулативни активности на пазарот, пренесе РТС.

„Владата на Србија продолжува со целосна будност да ја следи состојбата, при што ќе обезбеди доволни количини млеко за потребите на граѓаните“, се наведува во соопштението, а пренесоа српските медуми.

А, и во земјава производителите на млеко велат дека за два месецa земјава ќе се соочи со сериозен недостаток од млеко. Според нив, и во моментов имало проблем со млекото, а нивните очекувања се дека набргу тој може да стане и поголем. Домашното производсто е мало, а нема да има ниту од каде да се увезе. 

Слично

Поврзани вести