Србија за утре најавува снег, бура и ветер со 100 км/ч!
Времето во Србија конечно ќе се поклопи со календарот, па на првиот ден од декември се очекува да пристигне вистинската зима. Така во целата земја, почнувајќи од утре, температурите нагло ќе опаднат, ќе биде облачно и ветровито, воглавно со дожд а некои места со снег.
Се тоа ќе биде пропратено со силен ветер кој пред себе ќе урива дрвја и гранки, пишуваат српски медиуми.
-Цел понеделник и вторник ќе дува силен ветер кој ќе достига од 17 до 27 метри во секунда или до 100 километри на час. Во Белград јачината оди до 70 км на час. Тоа е ветер кој граѓаните на Вршац веќе имале прилика да го осетат во ноември.
Со силниот ветер ќе опаѓа и температурата. Најниската ќе биде од два до шест, а нависоката до 12, а во покраината на Тимок од минус еден до еден степен. Сепак , до првиот снег ќе почекаат уште малку во Белград.
Снег се најавува во покраината на Тимок.
За во Македонија не очекува бран со повремени дождови а засега студена зима нема да имаме.
