СРБИЈА: За учество во странски војни до 8 години затвор
Србија ги заострува санкциите за учество во странски војни. Со измени на кривичниот законик, се предвидува затворска казна од шест месеци до пет години за поединечно учество, а од една до осум години за групно заминување во странските воени жаришта.
Претседателот на Одборот за контрола на службите за безбедност во Србија Момир Стојановиќ ги повикал сите граѓани кои се наоѓаат од која било причина во овие воени зони во странство да се вратат.
„Ако некоја организација го организира или поттикуна учеството на нашите гражани во овие војни, санкциите ќе бидат од една до 10 години затвор“, вели тој.
Српскиот Парламент ќе разговара за измените следната недела. Според проценките неколку десетици српски граѓани во моментив се наоѓаат во странските воени зони, на Блискиот Исток, но и во Украина.
Слично
