Србија во тридневна жалост – очите свртени кон Сава и Дунав
Во Србија од денеска е прогласена тридневна жалост за катастрофалните поплави што ја зафатија земјата. Се уште нема прецизни информации колку лица го загубија животот во поплавите, а точно ќе се знае дури откако целосно ќе се повлечат надојдените води.
Во меѓувреме, опасноста и натаму не е сосема помината. Србија е во очекување на новиот поплавен бран, кој се очекува да стигне од водите кои се слеваат низ Сава и Дунав.
Нивото на Дунав од вчера расте, додека од денеска расте нивото и на Сава. Ситуацијата се уште се држи под контрола, но не смее да се дозволи опуштање, апелираат српските власти.
Најкритично и натаму е во Обреновац, каде што нивото на излеаната вода не се спушта.
Слично
