Економија, финансии, бизнис

Контакт

СРБИЈА ВО ТАГА: Дете проголта желад во градинка и почина

СРБИЈА ВО ТАГА: Дете проголта желад во градинка и почина

Дете проголта желад во градинка во Србија, по што почина синоќа во болницата во Ниш.  Момчето на возраст од 4 години почнало од задушување, пренесе „Нова.рс“.

Детето со возило на брзата помош го однеле во болница. 

„Момче, родено 2018 година, попладнето е примено во многу тешка општа состојба со знаци на тешко оштетување на функцијата на мозокот. Во Ургентниот болнички центар изваден му е туѓ предмет од респираторниот тракт, но, за жал, тоа не ја промени состојбата на пациентот. И покрај сите преземени мерки од повеќе медицински екипи, синоќа настапи смрт“, велат од болницата во Ниш.

Обвинителството отвори истрага. 

Во септември годинава во градинка во Белград имаше немил настан, каде бебе падна од отворен прозорец на вториот кат во објектот. 

Слично

Поврзани вести