Србија: Во хеликоптерска несреќа загинаа 7 лица
Воениот хеликоптер кој учествувал во спасувачка мисија и требал да пренесе болно бебе од Рашка во бoлница во Белград, се урна во близина на аеродромот Сурчин. Во несреќата загинаа три воени лица од екипажот, болното бебе, еден доктор и анестезиолог и пилотот на хеликоптерот.
Се претпоставува дека причина за несреќата биле лошите временски услови и густата магла, поради што вечерта во 22:34 часот хеликоптерот го снемало од радарот.
Српскиот премиер Александар Вучиќ најави ден на жалост за утре.
Слично
