Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србија усвои договор од „Мини шенгенот“ со Македонија

Србија усвои договор од „Мини шенгенот“ со Македонија

Договорот меѓу владите на Србија и Северна Македонија за взаемно признавање на квалификувани услуги од доверба во рамките на „Мини-шенгенот“ е изгласан денеска во Собранието на Србија. 

Според српскиот министер за финансии Синиша Мали, со овој договор ќе се интензивира меѓудржавната електронска трговија, што е побрзо и поефикасно од класичното. Тоа значи дека онлајн услугите на една земја ќе бидат достапни во другата земја, што позитивно ќе влијае на економскиот развој на двете држави.

-Меѓусебното признавање исто така значи дека граѓаните и деловните субјекти од една земја ќе можат да користат онлајн услуги на друга земја, односно ќе можат да се идентификуваат преку своите електронски шеми за идентификација, кои се подеднакво прифатени и во двете држави, изјави министерот Мали.


Слично

Поврзани вести