Србија стави клуч на врата на сите кафулиња поради корона вирусот
Почнувајќи од утринава, во соседна Србија ниту еден ресторан, кафуле, бар или ноќен клуб но и угостителски објект не смее да работи.
Причината е коронавирусот и разгорувањето на истиот во таа земја.
Од друга страна до 21 часот дозвола да работат имаат кината, театрите галериите и библиотеките со почитување на протоколите за заштита од ковид 19.
Она што е задолжително е дека објектите на отворено мора да имаат 9 метри квадратни по лице, додека спа центри, теретани и фитнес клубови мора да држат дистанца од 16 м2 по лице.
Фото: Фејсбук-Рестран „Србија“
Слично
