Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србија секоја година има 50.000 жители помалку

Србија секоја година има 50.000 жители помалку

Во Србија секоја година бројот на жители се намалува за 50.000, предупредува лидерот на Лигата на социјалдемократите од Војводина, Ненад Чанак.

Тој додава дека во Србија денес, секоја година се раѓаат 35.000 помалку од тие што ќе умрат, а уште 15.000 се иселуваат. Просечната старост на граѓаните на Србија е 47 години, а просечна возраст на лицата кои се иселуваат е 28 години.

„Секоја година од оваа земја заминуваат 1.000 лекари и секоја година медицина завршуваат 500 студенти. Каде тоа води и кој е крив за тоа? Зошто заборавивме кој за тоа е одговорен и виновен? Зошто го заборавивме злочинот на Слободан Милошевиќ кој сето ова ни го направи?. Виновни се оние кои ни ја разорија земјата, кои ни го разорија системот на вредности“ - рече тој.

Лидерот на партијата додава дека оние кои се без образование се невработени, а оние кои имаат квалификации заминуваат во странство.

Слично

Поврзани вести