Економија, финансии, бизнис

Контакт

СРБИЈА СЕ ВООРУЖУВА: Од кого купуваат оружје?

СРБИЈА СЕ ВООРУЖУВА: Од кого купуваат оружје?

Србија купува оружје од Русија. 

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин, кој се врати од Русија по разговорите со својот колега Сергеј Шојгу за набавка на четири транспортни хеликоптери Ми-17 и четири борбени Ми-35, гостувајќи на ТВ Прва потврди дека тие ќе пристигнат во Србија кон крајот на оваа или на почетокот на 2019 година.

Во наредните денови ќе се завршат „одредени технички детали“ како и потпишување на договор со Белорусија за набавка на нови авиони Миг-29. Вулин во Москва за РИА Новости изјави дека Србија со Русија и со Белорусија разговара за набавка на нови авиони-ловци Миг-29, според принципот „колку е можно побрзо, толку е подобро“.

Вулин во Москва разговарал и за натамошното опремување и модернизација на Миговите 29, на тенковите Т-72 и борбените пешадиски возила БМП-2, како и на одредени типови на противоздушно вооружување.

Минатата година во Србија од Русија пристигнаа шест „старо-нови“ авиони Миг-29, кои се уште се ремонтираат и не се во оперативна употреба.

Слично

Поврзани вести