Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србија се согласи со САД да ја намали зависноста од Русија

Србија се согласи со САД да ја намали зависноста од Русија

Српскиот премиер Александар Вучиќ ги одобрил предлозите на американската Влада за ограничување на руската зависност на Србија.

На крајот на 4-дневната посета на САД, Вучиќ изјавил дека Србија ги прифаќа предлозите на САД за потребата од намалување на руската гасна зависност и прифаќа да се приклучи кон проектот поддржан од САД за гасоводот ТАП.

Според Вучиќ, Србија е подготвена да добива гас од неколку извори, што, додаде тој, е „многу важно исто за нашите американски пријатели“.

Оваа изјава е јасен сигнал од земјата на Вучиќ дека тој и Србија се дистанцираат од Русија, која се сметаше за традиционален сојузник на Белград.

Потсетуваме дека во провладиното издание вчера беше соопштено и за конфликт меѓу Српската православна црква и Рускиот патријарх Кирил.

Слично

Поврзани вести