Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србија: Се повеќе дебели, пушачи и алкохоличари!

Србија: Се повеќе дебели, пушачи и алкохоличари!

Во Србија 22,1 одсто од возрасното население и 13,7 одсто деца се здебелени, 34,7 одсто од населението секојдневно пуши, додека 54 одсто често или повремено консумира аклохол, покажаа прелиминарните резултати од истражувањето на тема „Здравјето на населението“, пишуваат српски медиуми.

Министерот за здравје Златибор Лончар на денешното претставување на резлутатите од истражувањето спроведено минатата година, рече дека ова е трето истражување од овој тип и дека е во склад со европските стандарди, што ќе и овозможи на Србија да се спореди со останатите европски земји.

Во споредба со 2006 година, кога последен пат е спроведено истражување, бројот на дебели возрасни лица се  зголемил од 17,3 на 22,1 одсто додека бројот на дебели деца е зголемен од  8,5 на 13,7 одсто.

Слично

Поврзани вести