Србија се пофали со просечна плата над 1.000 евра
Просечната плата во Србија надмина 1.000 евра.
Просечната нето-плата во Србија во април изнесувала 1.032 евра, додека просечната бруто-плата достигнала 1.423,7 евра, покажуваат најновите податоци на Републичкиот завод за статистика.
Во споредба со април минатата година, просечната нето-плата номинално се зголемила за 11,5 отсто, а реално за 7,9 отсто.
Податоците покажуваат дека медијалната нето-плата во април изнесувала 801,6 евра. Тоа значи дека половина од вработените во земјата примале плата пониска од овој износ, додека другата половина заработувала повеќе.
Според проекциите на Народна банка на Србија, инфлацијата во текот на годинава се очекува да изнесува околу 3 отсто, со можност за отстапување од плус или минус 1,5 процентни поени. Во мај годишната стапка на инфлација достигнала 3,5 отсто.
