Србија се откажа од рускиот кредит
Министерот за финасии на Србија Младен Динкиќ изјавил дека на српскиот буџет нема да му бидат потребни милијарда долари кои претходно беа договорени со Русија. Тој за Блиц објаснува дека веќе на оваа тема разговарал и со руското минитерство за финасии.
- Се договоривме руската страна званично да ни прати понуда за заем од 500 милиони долари, со мој предлог условите за кредиот да бидат многу по поволни од оние под кои моментално се задолжуваме. Се надевам дека мојот руски колега кој во разговорот покажа голем интерес да и помогне на нашата земја ќе понуди договор кој Србија со задоволство ќе го прифати, истакнал Младен Динкиќ.
- Ќе ни биде доволно 500 милионо долари, ликвидноста на српкиот буџет е значајно подобра од периодот кога со Русија договаравме помош од милијарда долари, додава српскиот министер за финасии.
Слично
