Економија, финансии, бизнис

Контакт

СРБИЈА ПРВА ВО СВЕТОТ ГО ИМА ВО УПОТРЕБА АНТИВИРУСНИОТ ЛЕК НА ФАЈЗЕР: Договорот е потпишан, се очекува да стигне в понеделник

СРБИЈА ПРВА ВО СВЕТОТ ГО ИМА ВО УПОТРЕБА АНТИВИРУСНИОТ ЛЕК НА ФАЈЗЕР: Договорот е потпишан, се очекува да стигне в понеделник

Антивирусниот лек  што го разви фармацевтскиот гигант Фајзер против ковид-19, како што покажаа студиите, го намалува ризикот од хоспитализација и смрт од инфекцијата за дури 89 проценти.

Пристигнувањето на новиот лек в понеделник го најави српскиот министер за здравство Златибор Лончар.

-Со „Фајзер“ беше потпишан договор за дистрибуција на лекот во Србија. Ние сме третата земја во светот која потпиша договор, а прва која го има лекот во употреба, рече Лончар.

Новиот лек „Фајзер“ го блокира ензимот кој му е потребен на корона вирусот за да се размножи, а како резултат на тоа се намалуваат и смртноста и хоспитализацијата.

Досега Србија ги набави сите антивирусни лекови кои се докажани како ефикасни, вклучително и најскапите, кои чинат по 2.500 долари.

- Вакцината, сепак, се уште е основно оружје во борбата против вирусот. Ние не се бориме да дојдеме до фаза некој да се разболи и да се лекува, туку да ги вакцинираме луѓето, а не да дојдеме до фаза воопшто да мора да користат било каков лек, изјави Лончар.

ФОТО: YouTube-print screen

Слично

Поврзани вести