Србија продолжува со забраната за извоз за млеко, освен за Македонија и Албанија
Србија ја продолжи привремената забрана за извоз на млеко и млечни производи, овој пат до 30 ноември.
Исклучок од оваа владина одлука ќе бидат само пазарите во Македонија и Албанија. Ваквата одлуча почетно важеше од почетокот на септември, кога српската влада воведе привремена забрана за извоз со цел да се спречи критичен недостиг на овие намирници.
Во Службен весник е објавено дека забраната се однесува на повеќе видови млеко, како и масло во амбалажа од над еден килограм.
Забраната не се однесува на извоз на стоки за кои царинскиот орган ја има прифатено извозната декларација пред да стапи во сила одлуката.
Слично
