Економија, финансии, бизнис

Контакт

СРБИЈА : Повратен авиобилет од само 99 евра

СРБИЈА : Повратен авиобилет од само 99 евра
Патниците што ќе купат карти на авиокомпанијата „ЈАТ “ од денеска па се до 13-ти ноември, можат да си обезбедат  повратни авио-билети  само за 99 евра. Од седиштето на компанијата соопштија дека овие цени ќе важат за авио- релациите до Виена, Солун, Штудгард , Тиват , Подгорица , Сраево. На листата се наоѓа и Скопје. Станува збор за промотивна акција која почнува од денеска (понделник), а патувањата ќе може да се реализираат од 6 ти ноември па во следните пет месеци, но овие “ ниски “ цени нема да се однесуваат на патувањата за време на новогодишните и божиќните празници. „ЈАТ “ во Србија веќе воведе атрактивни цени во авиобизнисот. До Атина, Рим, Милано, Истамбули Дизелдорф повратниот билет чини 129 евра. Не се “солени“ ниту цените за патување до познатите европски метрополи , па така патувањето со авион од Белград до Брисел, Берлин, Стокхолм , Копенхаген и обратно  чини 139 евра. Цената на повртаниот авиобилет пак до Париз и Лондон изнесува 179 евра. Патниците од Сараево , Подгорица , Тиват и Скопје  треба да платат 209 евра ако сакаат да купат повратен авиобилет со кој преку  Белград ќе можат да стасаат ( и да се вратат ) до некој од европските градови . Од авиокомпанијата соопштуваат дека во цената се вклучени сите такси, освен надоместокот за издавање на авионски билет.  
Слично

Поврзани вести