Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србија потпиша договор за руски кредит за модернизација на железницата

Србија потпиша договор за руски кредит за модернизација на железницата

Српската Влада денеска потпиша рамковен договор за модернизација на српската железница за руски кредит во вредност од 800 милони долари, што ќе биде искористен за достава на дизел локомотиви и изградба на локалната железничка инфраструктура во следните пет години, јави Танјуг.

Договорот беше потпишан од директорот на Руската државна железница Сергеј Павлов и Железницата на Србија Драгољуб Симоновиќ во присуство на српскиот премиер Ивица Дачиќ и министерот за транспорт Милутин Мркоњиќ.

Српскиот премиер изрази големо задоволство од потпишувањето на договорот во вредност од 800 милиони долари, кон кои српската влада ќе обезбеди дополнителни пет проценти, така што, вкупната вредност на активностите ќе изнесува 900 милиони долари.

Слично

Поврзани вести