Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србија остана без домашниот квасец

Србија остана без домашниот квасец
Една петтина од 250 работници на фабриката за квасец "Атлек Србија" од Сента ќе останат без работа, а пекарите и домаќинките без домашен свеж квасец, бидејќи српската  компанијата својот удел и го отстапи на француската компанија "Lesafr" која го запира  производството во Сента. Според изјавата од фабриката, бројот на вработените е намален во одделот за производство и пакување на свеж пекарски квасец. Заминуваат оние кои можат да се стекнат со услов за пензионирање и на кои според возраста им е потребно само две години за пензионирање. Не се продолжуваат  договорите за вработување, а со вишокот на вработени се постигнал договор за отпремнина и други бенефиции. Неофицијалностанува збор за  40 работници. Од Сента велат дека домашен квасец нема да има, но тој нема да недостига, зошто ќе биде заменет со увозен.
Слично

Поврзани вести