СРБИЈА ОД УТРЕ ГИ ЗАСИЛУВА КОНТРОЛИТЕ: Ако има потреба ќе има нови мерки поради делта сојот
Новиот бран е близу или можеби е веќе тука, а тука е и делта варијантата, која се шири многу побрзо. Сè уште сме далеку од колективен имунитет и уште подалеку сме од доволно млади луѓе кои биле вакцинирани, вели Горан Стаменковиќ, помошник министер за здравство за инспекциски работи, и додава дека од утре инспекцискиот надзор ќе биде многу поинтензивен во Србија
Стаменковиќ рече дека инспекциските служби биле на терен сите овие денови.
„Контролата е прилагодена на сите обврски по ублажувањето на мерките. Анти-епидемиските мерки се приоритет. Досега бројот на надзор е нешто поразличен и бројот на прекршочни пријавии беше многу помал отколку што беше до мај, за дури 50 отсто помали, рече Стаменковиќ.
Тој додаде дека од утре, Работната група ќе даде специјално ново упатство за многу, поинтензивен надзор
Ќе се ангажираат максимум од сите расположиви ресурси и капацитети. Тоа значи препознавање на ризик. Санитарната инспекција врши увид во базени, фонтани, централни системи за водоснабдување, градинки, предучилишни установи и колективна храна. Веќе воведовме неколку забрани. Од утре, препознавајќи ги ризиците, повторно ќе ги насочиме насочените контроли - рече Стаменковиќ.
