Србија од донаторите доби 995 милиони евра!
За санирање на последиците од поплавите во Србија, на донаторската конференција во Брисел соберени се 995 милиони евра, а за Босна и Херцеговина за истата намена се соберени 809 милиони.
„Горд сум што во Брисел се почувствува дека донаторската конференција за Србија и БиХ е добар потег, бидејќи имаше приказни како овие две земји не соработуваат. Ние денеска во Брисел покажавме друга слика“, изјави Томсилав Николиќ за Телевизија Б92, пренесуваат српски медиуми.
На конференцијата „Да обновиме заедно“ е оценето дека на Србија за саниррање на штетите се потребнии 830, а на Босна 650 милиони евра.
Слично
