Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србија од април во лов на даночните должници

Србија од април во лов на даночните должници
Вкупниот даночен долг на стопанството и граѓаните во Србија на крајот од 2012 година изнесувал околу 1.025 милијарди динари, девет милијарди евра, од кои 356,9 милијарди е главница и 667,9 милијарди се камати, изјави вршителот на должност директор на Даночната управа на Србија, Иван Симиќ. – Од тој износ ненаплативи се 573,6 милијарди динари долг, бидејќи должниците се избришани од регистерот или се во стечај, ликвидација, постапка за приватизација, а во некои случаи се работи и за фантомски фирми или перење пари, изјави Симиќ. Тој најави дека од април  ќе започне принудна наплата и оти Даночната управа ќе објави список на најголеми даночни должници во Србија.
Слично

Поврзани вести