Србија нема намера да влегува во НАТО
Србија нема намера да влегува во НАТО, бидејќи Алијансата не дава никакви гаранции за стабилност ". Тоа го изјави српскиот амбасадор во Москва Славенкo Терзиќ.
"Не гледам никакви гаранции за стабилност од проширувањето на НАТО на Балканот и во централниот дел на Европа. Европа треба да биде без воени сојузи, во мир и слога", посочи дипломатот.
Според него Србија ќе ja одржи својот политичка неутралност и не се подготвува да влезе во НАТО.
Посочувајќи ja ситуацијата во Црна Гора, амбасадорот истакна дека "сите протести во земјата се предизвикани исклучиво од внатрешни несогласувања".
"Јас не гледам странска интервенција во внатрешните работи на Црна Гора. Постојат внатрешни протести, социјално и политичко незадоволство на населението на Црна Гора од создадената положба. Покрај тоа, повеќето граѓани се против влез во НАТО ", истакна исто српскиот амбасадор.
